Лицето кое ноќеска го прескокна безбедносниот систем и направи хаос во ООУ „Ванчо Прке“ Штип, остава далеко посериозна порака од онаа која надлежните во училиштето ја констатираат. Лица кои имале можност да го видат записот од видео камерите тврдат дека ноќниот посетител со себе имал нож и фантомка која му го штити идентитетот и намери кои никого не оставаат рамнодушен.
Искршил се што може да се искрши, ги пуштил славините со вода, цртал непристојни содржини, но и кукасти крстови што на случајот му даваат поинаква димензија…


