ССМ повика на уличен Првомајски протест. СОНК му одговори дека социјалните барања можат да се постигнат и на маса

0
35

ССМ денес повика на уличен Првомајски протест како одговор на сегашната социјална економска состојба во која се наоѓаат најголем дел од работниците во државата. Претседателот Слободан Трендафилов ја критикува Владата и Економско социјалниот Совет на кои не е најдена можност да се постигнат нивните социјални барања.

Од друга страна, СОНК нема да учествува на протестите, а на ССМ и Трендафилов и порача дека, улиците не се место каде се бара социјална правда.Фер социјален дијалог и договор може да се постигне и на маса.