Фејсбук и Инстаграм под удар: Лажни наградни игри во име на Халкбанк

0
33

Халкбанк АД Скопје упати важно предупредување до граѓаните дека на социјалните мрежи се шири фишинг кампања, маскирана како наградна игра.
Од банката информираат дека станува збор за измама чија цел е злоупотреба на лични и банкарски податоци. Лажните објави најчесто содржат атрактивни ветувања за награди и повикуваат на кликнување на сомнителни линкови, по што од корисниците се бара внесување чувствителни информации.
Халкбанк апелира до сите корисници да не кликаат на вакви линкови и во никој случај да не ги споделуваат своите лични или банкарски податоци преку непроверени страници.
„Целокупната комуникација со клиентите се одвива исклучиво преку официјални и проверени канали на банката“, потенцираат од Халкбанк.
Воедно, од банката ги повикуваат граѓаните доколку забележат сомнителни активности или пораки, веднаш да ги пријават и да бидат внимателни при користење на интернет услугите.