Градот Лежа во Албанија, беше потресен од невиден злосторство во кое беа убиени (39) Крешник Мујеци и неговата сопруга (32), Ѓентјана родители на четири деца.Повеќе од 30 куршуми беа испукани од заседа кон автомобилот во кој патувал парот.
Крешник Мујеци ѝ бил познат на полицијата, бидејќи бил уапсен во 2017 година заедно со неговиот брат Лин Мујеци, под сомнение дека се сторители на убиството на Генц Мхилај, кој бил ликвидиран во 2016 година.
Сторителите се во бегство и полицијата трага по нив, објавија албанските медиуми.
Според неофицијални информации, се сомнева дека мотивот за ова кривично дело е крвна одмазда.


