ДПИ ке ги контролира цените на губривата

0
31

Државниот пазарен инспекторат ја информира јавноста дека, во согласност со одлуките на Владата донесени со цел ублажување на економските последици и заштита на домашното земјоделско производство, ќе врши засилени инспекциски контроли на пазарот на ѓубрива.
• Како највисоки цени на залихите во трговијата на големо на неоргански ѓубрива се утврдуваат цените што се применувале во трговијата на големо на 15 април 2026 година, намалени за 10 %;
• Се ограничува највисоката бруто-профитна маржа во трговијата на големо и мало на неорганските ѓубрива до 5 %;
• Се ограничува највисоката бруто-профитна маржа во трговијата на големо и мало на органските ѓубрива, органо-минералните ѓубрива, биостимулаторите и подобрувачите на својствата на почвата до 10 %.
Дополнително, се воведува обврска за континуирано снабдување на пазарот со вештачки ѓубрива. Трговците на мало се должни месечно да обезбедуваат и продаваат најмалку 70% од просечната количина што ја набавиле во 2026 година, додека трговците на големо се обврзуваат да ги снабдуваат трговците на мало со најмалку 70% од просечно продадените количини. Одлуките ќе се применуваат заклучно со 31 мај 2026 година.