Демолирал автомобил во Тузла, па пропаднал низ покривот

0
119

Во Тузла вчера околу 18 часот се случил инцидент во кој маж демолирал патнички автомобил, а на крајот и самиот пропаднал низ неговиот покрив. Снимката од настанот брзо се прошири на социјалните мрежи.На видеото се гледа како мажот со палка удира по возилото, а потоа се качува врз него. Откако извесно време скокал по покривот, тој пропаднал во внатрешноста на автомобилот, јавуваат регионалните медиуми. Од Оперативниот центар на Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон за Авaз потврдиле дека мажот е уапсен.