Почнува изградбата на преминот Клепало, меѓу Струмјани и Берово

0
38

Бугарските институции надлежни за заштита на животната средина дадоа зелено светло за изградба на новиот граничен премин меѓу Струмјани и Берово, познат како Клепало, со што се отвора патот за реализација на овој долгоочекуван инфраструктурен проект.

Одобрени се сите еколошки процедури, вклучително и изградбата на поврзаната инфраструктура и патот кој ќе го поврзе Струмјани со границата кон Македонија.

Според бугарските медиуми, избрана е т.н. „опција 1“ за трасата, која предвидува пократок премин, помал обем на градежни активности и минимално влијание врз животната средина.

Вкупната вредност изнесува околу 11 милиони евра, со кофинансирање од двете држави.