Нов случај на врсничко насилство повторно ја вознемири јавноста во Сараево, откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како малолетна девојка физички напаѓа своја врсничка
, додека други присутни го снимаат целиот настан со мобилни телефони, наместо да интервенираат. Според сведоштво на граѓанка која го доставила видеото до редакцијата на порталот „Crna-Hronika“, станува збор за 15-годишна девојка која била изложена на шлаканици и понижување. Дополнително загрижува фактот што снимката подоцна била објавена на Instagram story, со што инцидентот добил уште поголема видливост и јавен одек. Надлежните институции се повикани итно да го испитаат случајот и да преземат соодветни мерки


