Штип, Кочани и Радовиш со нови обвинители – засилување на јавното обвинителство во Источниот регион

0
42

Советот на јавните обвинители на Македонија донесе одлука за распишување огласи за избор на раководители во повеќе основни јавни обвинителства, меѓу кои се Кочани и Радовиш, како и други обвинителства во државата.

Паралелно со ова, Советот усвои измени со кои се зголемува бројот на јавни обвинители во регионот кој е под надлежност на Вишото јавно обвинителство Штип.
Според одлуката, во Основното јавно обвинителство Штип и во Кочани ќе биде ангажиран по еден нов обвинител, додека во Вишото Јавно Обвинителство Штип ќе бидат дополнително назначени двајца обвинители.

Од Советот информираат дека ваквите измени се резултат на потребата за поефикасно функционирање на обвинителствата и подобро справување со зголемениот број предмети во источниот дел на државата.