Грција нуди бонуси до 7.200 евра годишно и бесплатно сместување на островите за медицинарите

0
23

Грција воведува нов пакет финансиски и материјални стимулации со цел да го реши долготрајниот проблем со недостиг на медицински персонал во островските и оддалечените региони, каде што здравствените установи со години работат со сериозен кадровски дефицит.
Министерството за здравство, во координација со локалните власти, предвидува повеќе мерки за привлекување лекари, меѓу кои месечни финансиски додатоци до 7.200 евра годишно, бесплатно сместување, покривање на трошоци за храна и режиски сметки, како и рефундација на патни трошоци и други поволности.

Со оваа програма, Грција се обидува да го ублажи долготрајниот проблем со недостиг на медицински кадар во руралните и островските области