Главниот обвинител на Бугарија, Борислав Сарафов, денеска рано изутрина поднесе поднесе оставка на својата функција, само два дена по триумфалната победа на Румен Радев и неговата коалиција „Прогресивна Бугарија“ на парламентарните избори. Ова беше објавено само два часа по ултиматумот испратен од Иван Демерџиев („Прогресивна Бугарија“) и повиците од Демократска Бугарија.
Обвинителскиот колегиум ја назначи Вања Стефанова, долгогодишна обвинителка и поранешен заменик-шеф на тајната служба ДАНС од времето на кабинетот „Орешарски“, за привремен генерален обвинител.


