Источниот регион се мобилизира против пожари. Институциите со заедничка стратегија за летото

0
33

Општините од Источниот регион интензивно се подготвуваат за претстојната летна сезона и ризикот од шумски пожари.

Во координација со Дирекцијата за заштита и спасување, општините, јавните претпријатија, кризните штабови, ТППЕ и ДПД, се одржуваат работни средби на кои се анализираат искуствата од минатата година и се утврдуваат мерки за поефикасно справување со пожарите.

На вчерашниот состанок во Виница, како и на денешниот во Пробиштип, беше нагласена потребата од силна меѓуинституционална соработка, навремена размена на информации и координирано делување на терен…