Бик предизвика паника на автопат во Грција

0
39

Сообраќајот на автопатот Солун – Атина накратко беше нарушен откако изгубен бик се појавил меѓу возилата кај Синдос, пренесуваат грчките медиуми. Животното побегнало од сопственикот и околу еден час се движело по коловозот, создавајќи метеж и неизвесност кај возачите, пред да биде фатено со помош на полицијата.

Во инцидентот нема повредени лица ниту сообраќајни несреќи. По фаќањето, бикот бил врзан за заштитната ограда, а според сведоштвата, бил видно вознемирен.