Црна Гора го укинува имунитетот на министрите, Владата предлага уставни измени

0
44

Владата на Црна Гора предложи измени на Уставот со кои ќе се укине имунитетот на министрите за кривични дела поврзани со службената должност, особено оние поврзани со корупција. Предлогот веќе е усвоен на владина седница и испратен во собраниска процедура, како дел од поширок пакет мерки за зајакнување на владеењето на правото.
Според предложеното решение, членовите на Владата повеќе нема да можат да се повикуваат на имунитет кога станува збор за злоупотреба на функцијата, без оглед на тежината на делото или предвидената казна. Целта е да се отстранат правните пречки што досега можеле да го забават или отежнат процесирањето на случаи на висока корупција.