Во дијаспората живеат 2,2 милиони албански државјани, од нив над 1,1 милион се мажи, а над еден милион се жени, се наведува во извештајот „Дијаспора на Албанија“ на Институтот за статистика (ИНСТАТ) посветен на бројот на албански граѓани што живеат во странство.
Најголем број албански иселеници има во Италија и Грција, по што следат Германија, Франција и Велика Британија.
Според податоците на ИНСТАТ, околу половина од дозволите за престој во европските земји се доделуваат за семејно обединување, проследено со причини за вработување, а потоа и за студирање.


