Сè повеќе родители се соочуваат со предизвикот децата да не сакаат да разговараат отворено за своите чувства. Причината најчесто не е непослушност, туку недостаток на емоционална сигурност – страв од осуда, казна или неразбирање.
Експертите посочуваат дека довербата не се гради преку „големи разговори“, туку во секојдневни мали моменти. Децата се отвораат кога чувствуваат дека се слушнати без критика и дека нивните емоции се прифатени.
Знаци дека детето се затвора може да бидат повлекување, кратки одговори, избегнување контакт или, пак, претерана послушност и страв да не ги разочара родителите. Често, ваквото однесување потекнува од рани искуства кога емоциите биле оттурнати или коригирани наместо разбрани.
За да го поттикнете детето да зборува, важно е прво родителот да остане смирен и отворен за слушање. Помагаат и мали ритуали за поврзување, како разговори пред спиење или во текот на денот, како и именување на емоциите без осуда.
Доколку детето покажува подолготрајна повлеченост, анксиозност или емоционални потешкотии, се препорачува консултација со стручно лице.
Извор: Педијатар.мк


