Трговските центри „Биг Фешн“ во Подгорица и „ТК Плаза“ во Будва беа евакуирани поради закана со бомба. Полициската управа соопшти дека дојавата дошла преку е-пошта, во која се наведува дека експлозивни направи се поставени во два објекта во трговскиот центар во Подгорица и трговскиот центар во Будва, и дека тие ќе бидат активирани. Порано денес, три трговски центри во Загреб, како и училишта и неколку институции во Зеница, исто така добија закани со бомба.


