Црногорските камионџии повторно го стопираа товарниот сообраќај – најавуваат уште пожестоки мерки!

0
36

Здружението на транспортери на Црна Гора од денеска во 10 часот започна дводневна блокада на товарниот сообраќај на граничните премини, како израз на незадоволство од мерките на Европската унија кои го ограничуваат престојот на возачите во земјите членки.
Според најавите, протестот ќе трае до четврток во 10 часот, при што товарниот сообраќај ќе биде значително нарушен на повеќе гранични премини. Сепак, одредени категории ќе бидат изземени од блокадата – транспортот на лекови, живи животни и запаливи материјали ќе продолжи без прекини, со цел да не се загрози безбедноста и снабдувањето.
Од здружението порачуваат дека ова е само предупредување и дека се подготвени да ги заострат мерките доколку нивните барања не бидат исполнети