Во Европската Унија се отвора дебата за преминување од едногласно одлучување кон гласање со квалификувано мнозинство во надворешната политика, што би можело да го намали влијанието на поединечни земји членки, вклучително и можноста Бугарија да го користи ветото во процесот на проширување кон Македонија.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека ваквата промена е потребна за да се избегнат „системски блокади“ во ЕУ и да се овозможи поефикасно донесување одлуки. Таа нагласи дека Унијата треба да го искористи моментумот за институционални реформи.
Според нејзините пораки, идејата за укинување на едногласноста во одредени области би значела дека држави членки повеќе не би можеле самостојно да блокираат одлуки, што директно се поврзува со чувствителни прашања како евроинтеграцијата на Македонија, каде Бугарија досега има користено право на вето или политички притисок во процесот.


