Згрижени но бездомни мачки и кучиња создаваат не-хигиенска бомба во заедничките простории во зграда на улицата Христијан Карпош во Штип. До редакцијата на ТВ Стар, загрижени и вознемирени жители испратија материјали на кои е очигледно дека заедничките простории се полни со фекалии и остатоци од полу-згрижените животни. Овој проблем е присутен веќе подолг период а соседите и жителите на зградата се крајно разочарани од несовесноста и неодговорноста на сопствениците кои иако се грижат за животните, сепак не се грижат за соседите, заедничкиот простор и хигиената.


