Српскиот претседател Александар Вучиќ стана првиот странски лидер што влезе во судир со новоизбраниот унгарски премиер Петер Маѓар, само еден ден по парламентарните избори во неделата Во изјава за српскиот јавен сервис во понеделникот вечерта, Вучиќ ги отфрли претходните забелешки на Маѓар како „глупави“, откако унгарскиот лидер сугерираше дека знае кој ја диригира политичката алијанса меѓу Орбан, словачкиот премиер Роберт Фицо и Вучиќ. На истата прес-конференција, Маѓар зборуваше и за пронаоѓањето експлозив во близина на гасоводот „Турски тек“ во Србија, недалеку од унгарската граница, нарекувајќи го настанот очигледна операција под лажно знаме. Вучиќ рече дека истрагата ќе биде завршена и дека нејзините наоди ќе му бидат доставени на Маѓар. И тие ќе покажат дека погрешил што им поверувал на озборувањата од таблоидните медиуми“


