Тренески со деби на „Ред Бул Ринг“ ја стартува сезоната во Формула 4 Македонскиот автомобилист Стефан Тренески викендов го има своето деби во Формула 4 шампионатот во рамки на ЦЕЗ дивизијата за Централна и Источна Европа. Првите трки од сезоната се возат на легендарната патека „Ред Бул Ринг“ во Австрија, позната по тоа што е дел и од календарот на Формула 1. Конкуренцијата е исклучително силна, со вкупно 45 возачи, поделени во три групи. Секој натпреварувач ќе има по две трки, а само најдобрите 32 ќе обезбедат место во главната трка, закажана за недела попладне. Сите сесии ќе траат по 25 минути и ќе можат да се следат во живо преку Јутјуб каналот на Формула 4 ЦЕЗ. Тренески во новата сезона настапува за тимот ЈМТ Рејсинг, а на неговиот болид е истакнато и македонското знаме. Сезоната опфаќа шест тркачки викенди, од кои два ќе се одржат на патеки што се користат и во Формула 1 – важен предизвик и можност за напредок на младиот возач. Извор: Спорт1.мк.

0
48

Тренески со деби на „Ред Бул Ринг“ ја стартува сезоната во Формула 4
Македонскиот автомобилист Стефан Тренески викендов го има своето деби во Формула 4 шампионатот во рамки на ЦЕЗ дивизијата за Централна и Источна Европа. Првите трки од сезоната се возат на легендарната патека „Ред Бул Ринг“ во Австрија, позната по тоа што е дел и од календарот на Формула 1.

Конкуренцијата е исклучително силна, со вкупно 45 возачи, поделени во три групи. Секој натпреварувач ќе има по две трки, а само најдобрите 32 ќе обезбедат место во главната трка, закажана за недела попладне. Сите сесии ќе траат по 25 минути и ќе можат да се следат во живо преку Јутјуб каналот на Формула 4 ЦЕЗ.
Тренески во новата сезона настапува за тимот ЈМТ Рејсинг, а на неговиот болид е истакнато и македонското знаме. Сезоната опфаќа шест тркачки викенди, од кои два ќе се одржат на патеки што се користат и во Формула 1 – важен предизвик и можност за напредок на младиот возач.
Извор: Спорт1.мк.