НАСА слави: Прв лет околу Месечината по 50 години успешно заврши

0
36

Астронаутите од мисијата „Артемис 2“ успешно се вратија на Земјата, слетувајќи во Тихиот Океан по десетдневен лет околу Месечината. Капсулата „Орион“ безбедно се спушти со помош на падобрани, а екипажот беше пречекан од спасувачки тимови.
Мисијата, која тргна од Флорида, ја обиколи Месечината и постави нов рекорд по оддалеченост од Земјата. При враќањето, леталото издржа екстремни услови со брзина над 38.000 км/ч и температури над 2.700°C.
„Артемис 2“ се смета за клучна подготовка за идно слетување на Месечината планирано за 2028 година.