Мече забележано кај Лазарополе – апел за внимателно однесување

0
25

Во атарот на Лазарополе повторно е забележано мече, по што е упатен апел до жителите за внимателно и смирено однесување при евентуална средба со животното.
Според објавата на социјалните мрежи, мечето се движи на поширокиот простор од Миревичина до Ѓурепи, но не се исклучува можноста да се појави и во близина на селото.
Од локалното известување се апелира граѓаните да не викаат, да не мавтаат, да не се приближуваат и да не го хранат животното, туку мирно и без паника да се оддалечат доколку дојде до средба.
„Мечето гравитира од Миревичина до Ѓурепи, што не значи дека не може да се појави и во близина на селото. Ве молиме сериозно да го прифатите ова предупредување“, стои во објавата.