ИЈЗ: Овчите сипаници и ентероколитите доминирале меѓу заразните заболувања во март 2026

0
37

Во текот на март 2026 година, најчесто пријавено акутно заразно заболување се овчите сипаници со 352 случаи, што претставува речиси половина од сите регистрирани заболени. Иако има пад во однос на февруари, бројот е повисок споредено со истиот период лани. Следуваат ентероколитите со 224 случаи и раст на бројот на заболени и на месечно и на годишно ниво.
Забележани се и помал број случаи на шуга, сексуално преносливи инфекции и зоонози.
Регистрирани се три нови случаи на ХИВ/СИДА, како и поединечни случаи на вакцино-превентабилни болести, вклучително голема кашлица и пневмококни инфекции. КОВИД-19 останува со низок интензитет со 12 случаи, без смртни исходи.
Во текот на 2026 година, регистрирани се вкупно 8 пријави за акутни заразни заболувања кај странски државјани. Регистрирани се четири пријави на ентероколитис, две пријави за ХИВ/СИДА и по една пријава за салмонелоза и бактериски алиментарни инфекции и интоксикации. Според земјата од која доаѓаат, 4 лица се од Косово и по 1 случај од Србија, Турција и Словенија.
Иако не се регистрирани смртни случаи од акутни заразни заболувања, грипот и понатаму е широко распространет со 861 пријавен случај во март, што укажува на зголемена циркулација на респираторни инфекции во земјата.