Моника Ивановска, претседателка на техничкиот комитет на Пошти, во гостување во емисијата „Бизнис 21“ објасни што се случува во случај граѓанин да не ја добие пратката или таа да се изгуби при испорака.
Таа нагласи дека граѓаните треба да бидат запознаени со своите права и со начинот на испраќање на пратките.
„Граѓаните треба да си ги знаат своите права. Ако имам скапа пратка, нема да ја пуштам како обична пошта. Ако се изгуби пратка, тогаш има 30 поштарини отштета“, изјави Ивановска во „Бизнис 21“.


