Саботата претставува втор ден на тага и молк, исполнет со духовна смиреност и размислување. Во овој ден се потсетуваме на болката и жалоста на Пресвета Богородица и жените мироносици, кои по погребението го оплакувале Исус Христос.
Велика Сабота е ден на тивко чување на гробот, ден кога се изразува длабока почит, тага, но и надеж за воскресението кое доаѓа.


