Брза интервенција на пожар кај Грбавец: Пехчевските доброволци со координирана акција го ставија огнот под контрола

0
32

Доброволното противпожарно друштво од Пехчево учествуваше во интервенција на пожар на месноста Грбавец, каде со брза и координирана акција беше спречено негово понатамошно ширење.
Во акцијата беа вклучени шестмина членови на друштвото, кои интервенираа со две теренски возила. Интервенцијата се реализираше во соработка со Шумското стопанство „Равна Река“ од Пехчево, Територијалната противпожарна единица од Берово, како и Шумското стопанство „Малешево“ од Берово.
Благодарение на навремената реакција и заедничките напори на сите вклучени служби, пожарот беше ставен под контрола, со што беше спречена поголема материјална штета и загрозување на шумскиот фонд во регионот.
Надлежните апелираат до граѓаните на зголемена внимателност и одговорно однесување, со цел превенција од појава на пожари, особено во претстојниот потопол период.