Унгарија утре гласа: Анкетите велат крај на 16-годишното владеење на Орбан

0
47

Унгарците в недела ќе излезат на парламентарни избори, чиј исход може сосема да ја смени политичката слика на земјата и по 16 години да го тргне премиерот Виктор Орбан од власт.Според агенцијата за анкети „Медијана“,Виктор Орбан, кој е премиер на Унгарија од 2010 година, и неговата партија Фидес се соочуваат со најголемиот предизвик во своето владеење, се предвидува дека Петер Маѓар и Тиса ќе освои помеѓу 138 и 142 мандати во Парламентот со 199 места. Според таа анкета, владејачката Фидес ќе обезбеди помеѓу 49 и 55 мандати, а крајно десничарската Наша татковина – пет или шест. За двотретинско мнозинство, потребно за измена на Уставот и на основните закони, потребни се 133 претставници.