Србија може да остане без 1,5 милијарди евра од ЕУ

0
40

Србија би можела да остане без околу 1,5 милијарди евра од европските фондови, откако Политико објави дека Европската комисија разгледува можност за суспендирање на дел од финансиската поддршка
Политико објаснува дека Брисел го поврзува евентуалниот потег со падот на демократските стандарди во Србија и со блиските односи на Белград со Москва.
Иако не е членка на ЕУ, од почетокот на преговорите за пристапување во 2014 година, Србија има право на средства и грантови наменети за спроведување на реформите.