
Русија најави привремен прекин на огнот за велигденските празници, по наредба на претседателот Владимир Путин. Примирјето ќе трае од 11 април во 16:00 часот до вечерта на 12 април и се однесува на сите зони на воени дејства.
Од Москва очекуваат и Украина да го следи примерот, додека руските сили добиле инструкции да бидат подготвени за реакција во случај на прекршувања.
Ден претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на прекин на огнот, но од Кремљ порачаа дека е потребен траен мировен договор, а не само привремено примирје.
Во меѓувреме, руските власти потсетуваат дека минатогодишното велигденско примирје било прекршено околу 4.900 пати – бројка што, иронично, не звучи баш како „примирје“.

