Велигденскиот симбол: јајце -Од 130.000 до 224.000 јајца годишно се произведуваат во Македонија, Полог е лидер во земјата

0
53

Црвеното јајце е еден од најпрепознатливите симболи на Велигден во Македонија, а статистичките податоци покажуваат дека производството на јајца варира од година во година, но останува значаен дел од земјоделското производство.
Според податоците, во 2025 година биле произведени околу 188.455 јајца, при што најголем дел потекнуваат од Полог, кој се издвојува како водечки регион во оваа гранка. Во претходни години, производството достигнувало и над 200.000 јајца, што укажува на поголеми флуктуации во секторот.
Регионалната анализа покажува значајни разлики: Пелагонискиот регион учествува со над 52.000 јајца, Полошкиот со над 66.000, додека другите региони имаат значително помали бројки, како Вардарскиот со 5.731 и Југозападниот со 4.479 јајца.
Подолгорочните податоци покажуваат дека производството во последната деценија се движи од околу 130.000 до над 220.000 јајца годишно, со највисок регистриран резултат од 224.596 јајца во 2017 година.
Покрај производството, важен аспект е и потрошувачката. Според статистиката, еден граѓанин во просек консумира околу 200 јајца годишно, додека домаќинствата кои не се занимаваат со земјоделство трошат повеќе од земјоделските.