Благодатен Оган 2026: Државни и црковни делегации под засилени безбедносни мерки се упатуваат во Ерусалим

0
116

Преносот на Светиот Оган од Ерусалим и оваа година ќе се одвива во услови на засилени безбедносни мерки, при што православните земји веќе ги финализираат подготовките за негово донесување на Велика Сабота.
Церемонијата во Храмот на Пресветиот Гроб ќе се одржи со строго ограничено присуство. Во Гробот Христов ќе влезе само Патријархот Теофил III, придружуван од мал број свештени лица, додека пристапот до Стариот град е ограничен, а масовните собири се забранети.
И покрај ограничувањата, преносот на Светиот Оган кон православните земји продолжува без прекин, со посебно организирани државни и црковни мисии.