Во периодот од 30 март до 5 април , Државниот пазарен инспекторат изврши 523 надзори низ цела Македонија. Притоа,издадени се 154 прекршочни платни налози во вредност од над 2.883.269 денари или речиси 50 000 евра.Најмногу надзори се спроведени по основ Закон за трговија – 215 , а потоа според Законот за Финансиска дисциплина – 106 надзори ,Заштита на потрошувачи, угостителство и други области. Освен казните ,Изречени се и 64 опомени, по што ќе следуваат контролни надзори.Инспекторатот продолжува со континуирани и засилени контроли за почитување на законите и заштита на потрошувачите и во наредниот период, порачуваат од ДПИ.


