Владата на Словенија соопштила дека се објавени два јавни повици за изградба на нова генерација на јавно достапни паркови за полнење на електрични автомобили со што оваа земја во 2026 година влегува во важна фаза на развој на електромобилноста. Преку овие две прогграми ќе бидат обезбедени околу 25 милиони евра неповратни средства. Планираните вложувања ги опфаќаат клучните сообраќајни коридори на трансевропската европска мрежа TEN-T, но и подрачја во различни статистички региони во кои моментално недостасува адекватна инфраструктура за полнење на електрични возила.


