Во пресрет на Велигденските празници, Берово добива една од најзначајните капитални инвестиции во својата понова историја – изградба на нова мултифункционална сала во рамките на Домот на култура „Димитар Беровски“.
Официјално беше потпишан договорот за реализација на проектот со компанијата Фабрика Карпош, со што започнува изградбата на современ објект, проценет на над 115 милиони денари.


