Здравко Чолиќ денеска ќе добие дипломатски пасош на Босна и Херцеговина

0
48

Легендарниот пејач Здравко Чолиќ денеска ќе добие дипломатски пасош на Босна и Херцеговина, дознава „Кликс.ба“. Откако одржа дури пет спектакуларни концерти во родното Сараево, Чолиќ ја претвори салата „Зетра“ во место исполнето со емоции, носталгија и заедништво. Секоја вечер имаше посебна приказна, но чувството што ги поврзуваше публиката и изведувачите остана исто, искрено, силно и речиси опипливо. По овој повод, Чолиќ денес ќе престојува во Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина, каде што министерот Елмедин Конаковиќ свечено ќе му врачи дипломатски пасош.Да потсетиме, прексиноќа Здравко Чолиќ го одржа последниот од петте закажани концерти во сараевската „Зетра“, а во придружба на симфонискиот оркестар, ѝ подари на публиката уште една магична ноќ за Денот на градот.