Повеќе од 40 килограми хашиш со улична вредност од 320.000 евра се пронајдени исфрлени на брегот на плажа на југоисточниот остров Родос, соопштија властите.
Откритието е направено во петокот во Плимири во близина на Линдос, се вели во соопштението на крајбрежната стража, јави КатимериниВо него се вели дека дрогата била спакувана во затворена корпа од слама и тежела вкупно 42,8 килограми.Властите на Родос сега ги следат плажите за повеќе пакети хашиш.Сè уште не е јасно од каде потекнува дрогата пронајдена во Плимири.


