Генералниот секретаријат на Советот на Европската Унија за утре во Брисел закажа состанок на Работната група за проширување и земји што преговараат за пристапување во ЕУ, каде што ќе се дискутира за предлогот на Европска комисија за укинување на дополнителните трошоци за роаминг за Западен Балкан, односно проширување на режимот „Роаминг како дома“
Предлогот не значи автоматско вклучување на Западен Балкан во програмата „Роаминг како дома“, туку ЕУ ќе склучи билатерален договор со секој партнер во Западен Балкан и дека од нив се очекува да ги почитуваат стандардите на политиката за роаминг на ЕУ.


