Вучиќ барал начин да не биде премиер, но ако баш мора…

0
46

Зборувајќи директно за телевизијата Н1, Вучиќ рече дека во моментов бара начин да избегне кандидирање за премиер. Тој изјави дека нема да се кандидира ако рејтингот покаже дека неговата партија може да ги добие изборите без него. Во спротивно, ако рејтингот покаже поинаку, тој нагласи дека ќе се кандидира.
На консултациите се разговараше и за барањето на студентите и граѓаните за распишување предвремени парламентарни избори и европскиот пат на Србија. Консултациите продолжуваат во понеделник, но засега не е познато со кого точно ќе се сретнат. Се очекува разговорите да завршат во вторник, по што Вучиќ повторно ќе се обрати на јавноста.