Скандал во ОН, од хрватската мисија исчезнале 750.000 долари

0
58

Хрватската мисија при Обединетите нации во Њујорк се најде во центар на меѓународен скандал, откако американските власти објавија дека поранешна вработена е обвинета дека преку лажни фактури и двојни исплати незаконски извлекла околу 750.000 долари од сметките на дипломатското
претставништво. Осомничената, Рената Супина-Салтус, беше уапсена на 1 април и изведена пред суд во Конектикат, а американското обвинителство ја товари за измама преку електронски комуникации и за две дела перење пари.
Според обвинението, таа од јули 2017 до ноември 2023 работела на финансиско-административни работи во хрватската мисија и токму преку пристапот до системот за плаќања ја спроведувала шемата. Едниот модел бил двојно плаќање на вистински фактури, при што една исплата одела кај легитимен добавувач, а втора иста сума завршувала на нејзини лични сметки.