Генералниот секретар на Министерството за внатрешни работи на Бугарија, Георги Кандев, објави дека сега се купуваат гласови со фалсификувани евра.„Се купуваат гласови – дури и со фалсификувани пари! За време на операција во Кубрат, утврдени се податоци за купување гласови во корист на политичка партија. Пронајдени се: 9.800 евра ЛАЖНИ пари, 4.415 евра, околу 4.000 турски лири, список со имиња“, напиша Кандев.
Генералниот секретар на Министерството за внатрешни работи инсистираше дека ова не е изолиран случај и дека слични практики се откриваат во различни делови од земјата. Пред неколку дена, неколку лица – Романци и еден Италијанец – беа уапсени во различни делови на Софија, со над 1,2 милиони фалсификувани евра. Се покажа дека тие доаѓаат од Романија, каде што беше откриена и разбиена нелегална печатница за фалсификувани банкноти. Таму беа пронајдени уште речиси 1,3 милиони лажни евра.


