Најпозитивната вест од регионот деновиве доаѓа од Босна – момче по име Јован од местото Братунац, кое забележало беспомошна срна во локалната река Крижевица, без размислување застана со автомобилот и скокна во реката за да го спаси животното.
Крижевица е мала река која тече покрај границата меѓу БиХ и Србија и се влева во Дрина. Таа сепак знае многу да надојде и да биде опасна дури и за големите животни кои ќе ја потценат и ќе се обидат да ја преминат, пишуваат босанските медиуми.


