Од денес, работодавачите преку платформата „е-болување“ имаат директна дигитална врска и размена на податоци со Републичкиот фонд за здравствено осигурување (РФЗО), што им овозможува на пациентите повеќе да не мора да одат од лекар до работното место
и да го загрозуваат својот опоравок, изјави државната секретарка во Министерството за здравство на Србија, Ивана Сташевиќ Карличиќ. Според нејзините зборови, со ова се комплетира концептот што носи привилегија за лекарите, пациентите и работодавачите.
Лекарите имаат „многу помалку администрација и повеќе квалитетно време со пациентот“, додека пациентите „немаат потреба да се движат без потреба од лекар до своето работно место и на тој начин да го загрозуваат својот опоравок“.


