За време на периодот на транзицијата во земјава од многумина сиромашни видовме како малкумина станаа екстремно богати и затоа има големо разочарување и иселување, истакна премиерот Христијан Мицкоски во гостувањето во „Македонија наутро“ на МРТ.
Сепак, порача дека ќе дојде време кога младите што заминале од Македонија од разни причини, ќе се враќаат дома, а борбата треба да се водиме тука затоа што, како што посочи, само дома си е дома.


