Акните се чест проблем во пубертетот и можат да влијаат на самодовербата. Сепак, со правилна и доследна нега, состојбата може значително да се подобри.
Причини
Акните не се резултат на лоша хигиена. Главната причина се хормоналните промени кои го зголемуваат лачењето на себум. Важна улога има и генетиката.
Основна рутина
Доволно е: нежно миење на лицето наутро и навечер, миење по потење, користење лесна хидратантна крема
Не претерувајте со производи – едноставноста и редовноста се клучни.
Што помага?
Кај поблаги акни, можат да помогнат препарати со:
бензоил пероксид
салицилна киселина
ретиноиди
Изборот треба да одговара на типот на кожа.
Кога на лекар?
Ако акните не се подобруваат или се влошуваат, потребен е стручен совет. Терапијата може да вклучува антибиотици или посилни лекови под надзор.
Што да се избегнува?
Не ги стискајте мозолчињата – тоа може да доведе до инфекции и лузни.
Дополнителни совети
Акните може да се појават и на грб, гради и рамена
Користете „non-comedogenic“ козметика
Секогаш отстранувајте шминка
Внимавајте со сонце – користете заштитен фактор
Психолошки аспект
Акните можат да влијаат на расположението и самодовербата. Поддршката и трпението се важни – резултатите доаѓаат по неколку недели.
Извор: Здравје/Дневник.хр.


