Циклон носи врнежи над 20 литри и ветер до 70 км/ч

0
44

Под влијание на циклонска активност, времето денес во Македонија ќе биде нестабилно со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат пообилни и ќе надминат 20 литри на метар квадратен. Поради продор на студена воздушна маса, во планинските и повисоките предели врнежите ќе преминуваат во снег.
Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец, кој локално ќе достигнува брзина и над 70 километри на час. Температурите ќе се движат од минус 2 до 6 степени наутро, додека дневните ќе бидат во интервал од 4 до 12 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, проследени со засилен до силен северен ветер.