Синоќа во Белград се одржаа протести пред Ректоратот на Универзитетот, при што имаше тензии и инциденти меѓу демонстрантите и полицијата.
По настаните, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека на протестот имало околу 3.900 луѓе и оцени дека станува збор за помал број учесници од очекуваното.
Тој нагласи дека протестите биле насилни и ги оцени како резултат на „постизборна траума“ поради неисполнети очекувања кај дел од учесниците, додавајќи дека имало напади врз полицијата и присуство на радикализирани групи.
Вучиќ воедно најави дека изборите во земјата ќе се одржат до крајот на годината, оставајќи можност тие да бидат распишани и до Видовден, на 28 јуни, при што нагласи дека ќе се почитува волјата на граѓаните.

