Ноќна драма покрај Сава: Околу 30 лица извлечени од мочуриште

0
47

Рано утринава, Жупанискиот центар 112 Вуковар добил известување од оперативно-комуникацискиот центар на вуковарско-сремската полиција за група од околу 30 лица заглавени на подрачјето кај Штитар, помеѓу коритото на реката Сава и насипот кај Бабина Греда Веднаш била започната итна акција за пребарување и спасување, а поради непристапниот терен за чамци, биле ангажирани и силите на системот за цивилна заштита. Досега се спасени 30 лица, кои биле згрижени поради изложеност на ниски температури и хипотермија. Четворица мигранти кои се спасени од давење во реката Сава кај Бабина Греда денес се примени во Општата окружна болница во Винковци, додека други мигранти беа примени во болниците во Вуковар и Славонски Брод, станува збор за двајца државјани на Бангладеш и Индија.