Европското обвинителство бара одземање на имунитетот на 11 грчки пратеници за скандалот со земјоделските субвенции

0
46

Укинување на имунитетот на 11 актуелни пратеници во рамките на истрагата за можна организирана измама поврзана со земјоделски субвенции, побарала европската обвинителка од грчкиот Парламент а под истрага се и пет поранешни пратеници, соопштија од Европското јавно обвинителство (ЕППО), јави дописничката на МИА од Атина.
Барањето за одземање на имунитетот на пратениците се однесува на дејствија што веројатно биле извршени во 2021 година.
Паралелно, до грчкиот Парламент биле доставени и информации во врска со можна вмешаност на поранешен министер и заменик-министер за рурален развој и храна.